Уживајте во викендот, следува драстична промена на времето

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, до понеделник ќе се задржи стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Во вторник и среда ќе има зголемена облачност со локален дожд, а во среда заради заладувањето се очекуваат врнежи од снег на планините.

Leave a Reply