Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе има коефициент 9.
До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со максимални температури од 30 до 39 степени.
Во понеделник и вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе допринесе да има опаѓање на температурата за 7 до 9 степени.
Image by Jill Wellington from Pixabay