УЖАС: Баба ја избола внуката, па ја испекла во рерна

Сподели со своите пријатели

Баба на бебе од 20 месеци приведена е под соменение дека го избола детето, а потоа го печела во рерна.  Керолајн Џоунс (48) е обвинета за првостепено убиство.

Трагедијата се случила во Боливар Каунтри, Мисисипи и истражителите не се сигурни дали девојчето било мртво пред да биде ставено во рерна. Полицијата била повикана во вторник околу 19 часот.

Шеригот Келвин Вилијамс изјавил за локалните медиуми дека ја привеле бабата на детето, поради испитување за настанот.

– Членот на семејството пристигнал и видел дека нешто се случило. Го пронашле бебето во рерна и повикале полиција. На лице место, откриено е беживотно тело на бебе од 20 месеци. Се уште не е утврдена причината за смртта, но претпоставуваме дека е избодена и запалена, наведува Вилијамс.

Стравичниот момент: Мисица брутално ликвидирана на улица

Loading...

Полициската лента се уште стои околу домот, додека столчето за бебе, количките и куп играчки стојат во дворот, а Вилијамс тврди дека припаѓаат на детето.

Од органите на редот потврдуваат дека девојчето живеело со својата баба Керојалн, додека нејзината мајка живеела одвоено од нив.

– Беше толку убава и ја сакав најмногу на светот. Мојата ќерка е избодена и испечена во рерна и тоа од страна на својата родена баба, рекла мајката на девојчето Вероника Џоунс на кампањата која собира пари за погребот.

Шерифот истакнал дека беживотното тело во понеделник по локално време го пронашол братот на Керолајн, кој повикал полиција.

Се уште се истражува што се случило пред детето да се најде во рерната, велат од полицијата.

Телото на девојчето е предадено на обдукција, чии резултати се уште не се готови. Уште не е потврдено дали во оваа трагедија играла менталната болест.

Leave a Reply