Утрински температури и до -15, од понеделник нов снег

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е умерено до значително облачно со повремен снег особено на северозапад во Полошкиот регион. Претежно тивко е само во Гевгелија каде дува поизразен северен ветер. На југоисток облачноста е намалена.

Loading...

Перетпладне ќе има зголемена облачност во поголемиот дел од земјата и во западните делови појава на слаб снег. Од пладневните часови облачноста ќе се намалува и особено на исток и североисток ќе има повеќе сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе биде околу нулата, додека во текот на ноќта ќе биде студено со температура од -12 степени целзиусови.

Од денеска попладне до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури кои во поголемиот дел од населените места ќе се во интервал од -5 до -15 степени. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините.

Во недела попладне ќе се зголемува облачноста, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Leave a Reply