Утринава започна чистењето на речните корита во градот

Сподели со своите пријатели

Од рано утрнива, поточно од седум часот трае чистењето на речното корито на реката Кумановка, на потот кај My Market, низводно и узводно, кон вливот со Пчиња и Којнарка.

Loading...

Како што информираат од општина Куманово,  во текот на следните денови ќе се чистатат речните корита на Кумановка, Липковка и Којнарка.  Чистењето започна на потегот од My Market узводно и низводдно кон вливот во река Пчиња односно Којнарка.

Чистењето започна во седум часот наутро и ќе трае без прекин, секој ден, се додека не се исчистат сите критични точки во градот каде редовно се јавуваат пооплави во околните населени места при обилни врнежи од дожд – додаваат во известувањето од општина КУманово.

Тендерот на општината за изведување на сите зафати за чистење на речното корито чинеше 40 илјади евра од кои 20.000 се средства за нафта, а втората половина од средствата е предвидена за покривање на сите останати трошоци при релаизација на чистењто. Фирма изведувач на проектот е АД „Бетон градба“.