Утре започнува „Рома Труба фест“ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По 14. пат на градскиот плоштад во Куманово утре започнува фестивалот на лимено-дувачки инструменти „Рома труба фест“ кој ќе трае два дена, а на кој ќе настапат повеќе оркестри од земјава и странство.

Loading...

Странските изведувачи уште денеска започнаа да пристигнуваат, а на фестивалот ќе му претходат повеќе активности кои ќе започнат веќе утре.

Во населбата Гоце Делчев кај локацијата „кошеви“ францускиот и кипарскиот оркестар заедно со КУД „Срма“ ќе имаат свој настап за граѓаните со почеток во 18 часот, а веќе од 20:30 започнува настапот на плоштадот.

На првата фестивалска вечер која ќе започне утре Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Бојан Ристиќ од Србија, и оркестрите од Франција и Кипар, а специјален гостин е Роберт Ферчо и Бед Бојс.

Организаторот на манифестацијата Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ се надева дека оваа манифестација ќе прерасне во македонска „Гуча“, а очекува и голема публика.

– Да се надеваме дека ќе го оствариме сонот, дека на 15ти јубилеј ќе бидеме „мала Гуча“ во Куманово или балкан во мало во Куманово. Очекувам дека ќе имаме повеќе публика од она што имавме досега и очекувам дека кумановската публика ќе излезе и ќе даде поддрша на самата манифестација, изјави Самет Салиевски, од организацијата на фестивалот.

Loading...

Втората фестивалска вечер која ќе се одржи во петок, ќе настапат Џамбо Агушев, Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, млади Браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестрите од Франција и Кипар, и специјалната гостинка „Љубојна“.

Фестивалот е под покровителство на Општина градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и Министерството за култура и ќе чини 300.000 денари.

Leave a Reply