Утре услови за невреме, од петок стабилизација

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе се задржи променливо и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата.

Image by Pexels from Pixabay

Leave a Reply