Утре последна седница на Советот на Општина Куманово во овој состав

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово во актуелниот состав утре ќе ја одржи својата последна, 62. седница со почеток во 10 часот во големата сала на поранешен Комитет.

Loading...

На дневен ред ќе се најдат четири точки по кои ќе се расправа и тоа:

  1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.04.2021 – 30.06.2021 година;

 

  1. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;

 

  1. Годишен извештај за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ – Куманово за учебната 2020-2021 година;

 

  1. Годишна програма за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ – Куманово за учебната 2021-2022 година.