Утре наместа и поголема нестабилност, постои ли опасност од излевање на реките?

Сподели со своите пријатели

Водостоите на реките низ земјава (според податоците од хидролошките станици) бележат извесно зголемување, но сѐ уште нема опасност од излевање на реките, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во наредните денови ќе продолжи врнежливото време и за очекување е понатамошно зголемување на водостоите, засега без опасност за нивно излевање.

 

фото: архива

 

Во Куманово 18 литри дожд

Во Куманово во изминатите 24 часа, заклучно осум часот утринава наврнати се 18 литир дожд на метар квадратен.

Според податоците од метеоролошките станици нејголеми количини на врнежи од дожд за изминативе 24 часа се регистрирани во Гевгелија и Дојран – 25 mm, Штип – 24 mm, Демир Капија и Берово – 22 mm и Битола – 20 mm.

Пчиња и натаму под просекот

Loading...

Според последните мерења на УХМР извршени во текот на утринските часови на мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце, реката Пчиња бележи незначителен раст на водостојот.

Нивото на Пчиња утринава изнесувало 28 сантиметри, што е раст од три сантиметри во споредба со вчерашните мерења.

Сепак, тоа и натаму е далеку под просекот за овој период од годината кој изнесува 40 сантиметри.

 

фото: архива

 

Зголемување и кај Кумановка

Водостојот на реката Кумановка исто така бележи пораст на водостојот и според денешнит емерења изнесува 39 сантриметри, покажуваат податоците на мертната станица во атарот на селото Доброшане.

Вчера во осум часот наутро нивото на Кумановка изнесувало 30 сантиметри, а веќе околу 13:00 часот бил забележан пораст од 56 сантриметри, кој во текот на ноќта опаднал.

Loading...

Крива река не бележи зголемување

Нивото на Крива река со мерна станица во Крива Паланка не бележи никакво зголемување во споредба со вчерашните мерења и изнесува само 13 сантиметри.

 

фото: архива

 

Утре се очекува наместа и поголема нестабилност

Како што велат од УХМР, доколку врнежите бидат од пороен карактер и сконцентрирани во границите на сливните подрачја на помалите реки и суводолиците, можна е нивна брза реакција и локално поголемо зголемување на водостојот.

– Според сегашните прогнози, во понеделник на некои места се очекува поголема нестабилност, со поројни врнежи од дожд, засилен ветер и во форма на невреме, така што можна е појава на течење на вода низ дел од градските улици, поради неможност за нејзино одведување, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму апелираат на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолици низ земјава во наредните денови.

Loading...

Никола Ивановски