Утре ќе се одржи единаесетата седница на Советот

Сподели со своите пријатели

Во кружната сала на зградата на поранешни општествено-политички организации, Комитет утре ќе се одржи единаесетата седница на Советот на Општина Куманово.  Вкупно за разгледување има 19 точки.

На дневен ред ќе се најдат извештајот за работата и програмата на јавното претпријатие Пазаришта за претходната година, годишниот извештај на Фондацијата за култура и спорт, како и кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за првиот квартал од 2018-та.

Советниците ќе расправаат и за предлог одлуката за давање согласност на Годишен план за вработување во Општина Kуманово, предлог одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово.

Тие ќе ја разледаат и Предлог – Програмата за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година, како и неколку предлог одлуки за утврдување на урбанистички планов, Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на Јавното претпријатие „Куманово – паркинг”, Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, како и предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2018 година.

Седницата која ќе започне во 10 часот, може да ја следите директно на Телевизија Плус.

Leave a Reply