Утре ќе се одлучува за полицискиот час за претстојниот викенд

Сподели со своите пријатели

Ден пред да почне викендот, Штабот и Комисијата за заразни болести ќе одлучуваат како ќе се одвива движењето во сабота и недела.

Loading...

Полицискиот час изминатиот викенд поради првомајските празници започнуваше во 2 часот, а за овој викенд ќе се одлучува утре, рече министерот за здравство Венко Филипче.

– На утрешниот состанок ќе се дискутира за полицискиот час за викендот и дополнителна информација која ја очекуваме се случаите кои ќе бидат дијагностицирани до утре. Се надеваме дека ова е единечна варијација и дека до утре ќе продолжи оној тренд кој во изминатите 14 дена е сериозно мал на идентификувани од вкупно направените тестови што е критериум да се намалат мерките, изјави Филипче.

Во изминатото деноноќие се регистрирани поголем број нови случаи позитивни на коронавирусот, односно вкупно 33, за кои министерот Филипче изрази надеж дека е само случајна варијација.

Во сабота Комисијата за заразни болести ќе ги анализира детално сите податоци со оглед да се утврди како ќе се олабавуваат рестриктивните мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply