Утре ќе се дискутира за крај на полицискиот час и маските на отворено

Сподели со своите пријатели

Дел од рестриктивните мерки што сега се на сила наскоро може да бидат укинати, а меѓу нив полицискиот час и задолжителното носење маска на отворен простор.

Loading...

Ова следува по драстичниот пад на бројот на новозаразени и поволната епидемиолошка состојба.

За нови мерки Комисијата за заразни болести ќе дебатира утре, вели заменик министерот за здравство Илир Хасани.

– Комисија за заразни болести утре ќе дискутира за олеснување на мерките. Земјаќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам, кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелчеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави Заменик-минисерот Хасани.

Според неофицијални информации на дел од националните медиуми освен укинување на полицискиот час, на маса ќе се најде и предлогот за продолжување на работното време на угостителите.

– Го чувствувам како голем терет како и сите граѓани кои го чувствуваат особено на места каде излегуваме како шеталишта и кога нема луѓе во парковите кога сме сами. Навистина, го чувствувам како вистинска тежина. Мој став е дефинитивно да се укинат маските на отворено, и за тоа ( полициски час) мислам дека е време да се размислува во тој правец и да се укине и мој став ќе биде дефинитивно да се укине, смета земник министерот Хасани.

Сепак откако Комисијата за заразни болести утре ќе ги разгледа предлозите, ќе даде препорака до Координативното тело ќе даде предлог до Владата која го има крајниот збор.

Олабавувањето на мерките се очекува од 1ви јуни.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply