Утре ќе се асфалитра улицата „Ѓорче Петров“, користете алтернативен пат!

Сподели со своите пријатели

Утре ќе се асфалтира потегот на улицата „Ѓорче Петров“ кој води од булеварот „Октомвриска револуција“, информираат од Општина Куманово од каде упатуваат апел граѓаните да не ги користат улиците околу маркетот „Туш“ со цел да се намали метежот во сообраќајот.

Свесни сме дека деновиве поради градежните активности има голем метеж во сообраќајот кој ги револтира граѓаните на Општина Куманово, затоа аплираме утре да најдат алтернативен пат, бидејќи почетокот на улицата „Ѓорче Петров“ кој е видно оштетен ќе биде асфалтиран. Ова се тековни работи кои локалната самоуправа треба да ги реализира, па затоа се надеваме на разбирање од возачите – велат од Општина Куманово.

Од таму додаваат дека асфалтирањето мора да се врши во текот на денот, бидејќи во ноќните часови асфалтот бргу се лади и енговото поставување е скоро невозможно.