Утре и задутре дезинсекција против крлежи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дезинсекција против крлежи ќе се спроведе на подрачјето на Општина Куманово утре и задутре во период од 05:30 до 08:00 часот.

Loading...

– Дезинсекцијата ќе биде спроведена на јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Целта на овој третман е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите, информираат од Општина Куманово.

Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Никола Ивановски

Leave a Reply