Утре и сабота дожд, а од понеделник стабилизација

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи..

Кон крајот на денот од југозапад облачноста ќе се зголемува и ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите подрачја. Минималните температури ќе се движат од 5 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервл од 13 до 18 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен, односно југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 8 степени.

Утре повторно ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјава. Во сабота се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

 

Loading...