Утре е најдепресивниот ден во годината, еве како да го преживеете полесно

Сподели со своите пријатели

Официјално понеделник, 15. јануари е прогласен за најдепресивниот ден во годината кој инаку се нарекува „Син понеделник“. Обично тоа е третиот понеделник од почетокот на годината.

Датумот е „одреден“ од страна на психологот Клиф Арнал.

Причините за депресијата се целосно објективни. Досега сите сме си ги прекршиле нашите новогодишни ветувања за промени. Телото ни е изморено од декемвриско – јануарските гозби, а паричниците ни е страв и да ги отвориме.

Освен тоа, утрата се многу мрачни, а сонцето кое и онака излегува подоцна, потоа тешко се пробива низ облаците, поради што имаме недостиг од витамин Д.

 

Loading...

 

Експертите секоја година на овој ден стравуваат дека би можел да се зголеми бројот на самоубиства, па редовно ги советуваат луѓето што би требало да направат за да се чувствуваат подобро, иако и официјално и неофицијално не им е до ништо.

Убави мисли

Иако можеби ви делува невозможно, пронајдете три работи во својот живот на кои треба да се радувата. Психолозите дури советуваат дека можете да напишете на хартија и истите работи да ги читате секој пат кога ќе почувствувате дека расположението не ви е добро.

Бидете љубезни

Да, ќе бидете разнежнети како и сите околу вас. Меѓутоа, морате да се издигнете над тоа и да бидете љубезни кон другите. Еден убав збор може некому да му измами насмевка, а со самото тоа и таа личност ќе биде попријатна, што веднаш ќе „донесе сонце“ во просторијата во која се наоѓате.

 

 

Наспијте се

Бидејќи ви најавивме дека ве очекува грозен ден, потрудете се барем да бидете наспиени. Доколку телото ви е одморно, помалку ќе бидете нервозни и нема толку негативно да влијаете на себе и светот околу вас.

Нека оди животот

Поместете ги границите. Доколку веќе сте свесни дека сте прекршиле некои правила кои сами си ги имате зацртано, тогаш ништо нема да ви се случи ако денеска јадете две парчиња торта или го прескокнете користењето на правосмукалката. Некои работи треба да ги оставите за друг ден, особено доколку „не ви е до животот“.

Излезете некаде

Доколку сте депресивни, најлошо што можете да направите е да останете сами. Затоа повикајте ги вашите добри пријатели, роднини, момче, девојка… и излезете. Не останувајте дома за да ги претресувате проблемите. Одете на кафе, во кино, театар, прошетајте.