Утре без електрична енергија дел од улиците во градот

Сподели со своите пријатели

Поради инвестициски зафат во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, во текот на утрешниот ден најавени се прекини на електричната енергија за неколку улици низ центарот на градот.

Така, во период од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат жителите на дел од улиците: „Егејска Македонија“, „Иго Тричковиќ“ и булеварот „Трета МУБ“.

Снабдувањето во моментов, според последните информации од Регионалниот центар за управување со кризи се одвива непречено.