Утре без автомобили на улиците „Ленинова“ и „Иво Лола Рибар“

Сподели со своите пријатели

Во организација на Општина Куманово, а по насока од Министертво за животна средина и просторно планирање, за учество во „Европска недела на мобилност„ ќе се одржи настан „Ден на мобилност со запирање на моторниот сообраќај“.

Оваа активност предвидено е да се одвива на две улици и тоа: улица „Ленинова“ со должина од 200 метри и улица „Иво Лола Рибар“ во должина од 100 метри, во непосредна близина на градскиот плоштад.

Сообраќајот на овој дел од градот, ќе биде овозможен само за пешаци и велосипедисти.

Leave a Reply