Испечатена, Википедија содржи наслови за 7.600 книги (видео)

Сподели со своите пријатели

Мајл Мандиберг (по професија уметник) сакал на „опиплив“ начин да ја прикаже величината на базата на податоци на познатата онлајн енциклопедија, Википедија. Тој ги испечатил буквално сите страници на познатата енциклопедија.

Loading...

Конечниот резултат од неговиот проект, но и самата „опиплива“ Википедија е 7.600 книги со неверојатни 5,4 милиони страници.

За овој зафат на Мајкл му биле потребни 25 дена, по што осмислил програм со кој повеќе од 11,5 милиони статии биле прилагодени за печатење. Овој проект самиот го нарекол „From Aaaaa! To ZZZap“.

Мандиберг на оваа идеја дошол сакајќи на луѓето физички да им прикаже како изгледаат петабајти и гигабајти.

Тие книги се почетно корисно знаење. Од една страна, немаме никаква идеја за тоа колку на еден човек му треба време да прочита гигабајт или 50 гигабајти податоци, но од друга страна можеме доста едноставно и лесно да дојдеме до заклучок колку време нам ни е потребно за да прочитаме една книга, објаснува мандиберг за БиБиСи.

Но, на крајот погледнете и самите како изгледа да се оспечати Википедија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.