Услови за невреме, интензивни електрични празнења и обилен дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

– Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2), поинтензивни електрични празнења и појава на град, велат синоптичарите.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно и посвежо време. Ќе има услови за дожд проследени со грмотевици и нестабилност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, а масималната температура ќе достигне 29 степени.

И утре под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град, појаснуваат од УХМР.

Од петок и понатаму ќе биде нестабилно, но со локална појава на пороен дожд и грмежи.

Никола Ивановски

Leave a Reply