Услови за дожд и грмежи, нов влажен бран од петок

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд претежно во западните и крајните источни делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 10 до 18 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со врнежи од дожд и услови за грмотевици.

Максималната температура во кумановско и околината денеска се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Како што појаснуваат од УХМР, утре и во четврток времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, а услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја.

Под влијание на нов влажен бран, во петок и сабота ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply