Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит околу 11:20 часот по локално време.
Loading...
Епицентарот на земјотресот бил на 77 километри јужно од Ираклион.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 15 километри.
Не се знае дали има материјална штета.
И мештаните и туристите велат дека земјотресот бил добро почувствуван.
Да потсетиме, силен земјотрес е регистриран утрово во близина на Солун.
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Егејското Море на околу 110 километри од Солун.