Уште еден кумановец со дрога приведен пред ноќен клуб

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.М.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Loading...

Како што информриаат од Министерството за внатрешни работи, на 20.01.2019 околу 03.00 часот пред ноќен клуб во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамини.

И вчера полицијата поднесе кривична пријава против 22-годишен Х.Д. од Куманово, кој 15 дена претходно исто така бил приведен со амфетамини пред ноќен клуб.

Leave a Reply