Уште еден доказ дека работата од дома не е за новинарите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Извештаите во живо се целосно променети поради пандемијата на коронавирусот. Новинарите и гостите кои претходно се јавуваа во живо мораа да се грижат за времето, случајните минувачи и многу други непоканети гости, но заради новите околности, на гледачите им беше дадена единствена можност да влезат во домовите на оние што известуваат во живо.

Loading...

Но, дури и тогаш, како што покажа примерот на еминентната филипинска новинарка Дорис Бигорни, сè е можно.

РАБОТА ОД ДОМА: На онлајн состанокот се вклучи од ВЦ школката (ВИДЕО)

Во моментот кога се појави во живо, нејзините две мачки започнаа тепачка, а изразите на лицето на новинарката која се преправаше дека ништо не се случува зад неа, веднаш стана вистински вирален хит, пренесува Bored Panda.

Тие 12 секунди добија мултимилионски прикажувања, а се огласи и самата новинарка и нејзината ќерка, која е вистински сопственик на мачките.

– Деца! Познато е кој закон е во собата – напиша новинарката на Твитер, која стана меѓународна ѕвезда.

ХИТ: Новинарка известуваше од дома, па во кадарот влета нејзиниот татко (ВИДЕО)

Нејзината ќерка истакна дека е вистински љубител на животни и открила дека „умирала“ од смеа кога видела што прават нејзините мачки Бела и Нала.

Loading...

https://youtu.be/EkNapzNlN24

Leave a Reply