Уште двајца починати од Куманово – еден полицаец, кој вчера разбрал дека е позитивен

Сподели со своите пријатели

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вечерва  за ТВ Телма, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.

Loading...

Тој повторно упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и, како што рече, да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.

Еден до починатите е 52-годишен граничен полицаец на преминот Белановце, кој вчера дознал дека е позитивен на корона вирусот. Вчера била погребана неговата мајка. Не е познато, дали била болна од Ковид 19.

Како што соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус  во земјава, односно четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга  и Штип, со што вкупниот број на дијагностицирани достигна 570.

На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања.

Leave a Reply