Уште 13 деца од кумановската градинка со симптоми слични на труење со храна, се чекаат резултатите од брисевите

Сподели со своите пријатели

Уште 13 деца од градинката „Ангел Шајче“ побарале помош и се пожалиле на симптоми слични на труење на храна на детското одделение во кумановската болница, а уште две деца се примени на лекување, соопштија денеска надлежните од болницата.

Loading...

Надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и од градинката ги очекуваат резултатите од земените брисеви и мостри.

– Генерално здравствената состојба на децата се подобрува. Немаме деца што се во тешка состојба, освен пет што беа малку повеќе дехидрирани во разлика со другите деца, што се на домашно лекување тие се на болничко лекување, но се подобри, вели началникот на детското одделение, Агрон Сулејмани.

Лекарите од детското одделение од општа болница велат дека има и деца кои не одат во градинка и кои се јавуваат со слични симптоми.

Вчера, по извршениот вонреден надзор на надлежните институции беше затворена кујната на градинката „Ангел Шајче“ каде се подготвуваше храна за три објекти „Пчелка“, „Синоличка“ и „Кокиче“.

Leave a Reply