„Урнебесна трагедија“ на „Денови на комедија“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во рамките на фестивалот „Денови на комедија“ вчеравечер на сцената на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ се играше претставата „Урнебесна трагедија“ на црногорското Народно позориште од Подгорица.

 

Loading...

 

Комедијата е по текстот на Душан Ковачевиќ, а во режија на Вељко Миќуновиќ. Продукцијата е на Јанко Љумовиќ, а драматургија на Слободан Обрадовиќ. Костимографијата и сценографијата е на Миодраг Табачки.

 

 

Во претставата играа Ана Вујошевиќ, Младен Нелевиќ, Вуле Марковиќ, Нада Вукчевиќ, Бранимир Поповиќ, Бранка Станиќ, Мето Јовановски, Мишо Обрадовиќ и Момо Пиќуриќ.

 

Loading...

 

– Јас сум втор пат во Куманово со претстава, но и претходно имам доаѓано со други претстави. Ја видовте реакцијата на публиката, голем аплауз и за време на претставата не следеа извонредно. Би сакал да ја пофалам и организацијата на фестивалот пред се, овие прекрасни домаќини кои со голема љубов го имаат сработено овој фестивал, се дружевме и вчера, се потрудија да го направат фестивалот и навистина е за секоја пофалба, изјави актерот Младен Нелевиќ.

 

 

Вечерва се затвора 21. издание на фестивалот „Денови на комедијата“ со претставата на Театар Куманово, „Мани, мани, мани“.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

Leave a Reply