Урбано зеленило за урбанo Куманово: Кумановец споделува нов начин на грижа за природата

Сподели со своите пријатели

Градскиот кеј во Куманово доби изработен Зелен катастар, благодарение на 23 – годишниот дипломец Бојан Михајловски од Куманово кој за потребите на својата дипломска задача го изработи овој проект за својот град.

Михајловски изработи паметна карта преку која се дава увид во зеленилото на шеталиштето на кумановскиот кеј, притоа правејќи категоризација и мапирање на сите дрвја и грмушки.

Loading...

Со помош на Географски информационен систем (GIS) младиот кумановец направи база на податоци која може да се користи за научни истражувања, управување со ресурсите, управување со имоти, планирање на развојот, просторно планирање, картографија и планирање на инфраструктурата.
Со еден збор ГИС  претставува „Паметна карта“ што им дава можност на корисниците да имаат увид во целото зеленило на урбаните средини, да поставуваат интерактивни прашања, да ги анализираат просторните информации и да ги уредуваат податоците.

 Самата имплементација на ГИС во зелените површини која во оваа дипломска служи за создавање на зелен катастар на градското зеленило, во иднина може да се разгледуваат можности оваа алатка да се користи и во други свери на општеството. Можеме да ја примениме секако со помош на општината во создавање на база на податоци за целото градско зеленило на градот Куманово, – вели Михајловски, кој сега веќе е дипломиран инженер по шумарство.

Како што појаснува Михајловски, деталите се снимени со GPS уред, потоа за компјутерска обработка е користен QGIS (Quantum Geographic Information System), и за снимање на самиот терен е користено модерно софистицирано беспилотно летало Дрон DJI Mavic Pro.

Изработена е дигитална веб страна целосната карта можете да ја видите (ТУКА) на коja детално се внесени сите податоци собрани од теренското истражување. Всушност на оваа карта самите посетители може да имаат увид на целата дендрофлора на кејот.
Со позиционирање на саканата точка и кликнување на истата се отвора прозорец со информации за даденото дрво.

Исто така изработен е 2Д и 3Д модел на целиот кеј со помош на беспилотно летало Дрон.

Целите за изработка на Зелениот катастар, како што појаснува Михајловски можат да бидат краткорочни и долгорочни.

Краткорочни цели

  • Спречување на неконролирана сеча на стеблата

  • Спречување на уништување на зелената површина

  • Изработка на јавно доступен зелен катастар

  • Зголемување на транспарентноста на комуналното претпријатие

  • Зголемување на свеста на јавноста за потребните вложувања во зелените површини и дрвја

  • Осигурување на одржливоста со вложување во околината

  • Едукација на граѓаните за природните богатства на градот

Долгорочни цели

  • Одржливо стопанисување со зелените површини и дрвјата

  • Контролирани, планско уредени активности за одржување на зелените површини

  • Зголемување на фондот и квалитетот на дрвјата

  • Осигурување на здрава и убава градско урбана средина за идните генерации

  • Информации кои ни даваат точен и прецизен податок и одговор на прашањата колку имаме, каде имаме, што имаме?

     –  За да бидат податоците секогаш точни и квалитетни долгорочен план е секое стебло прегледува често. Во случај да се преземаат одредени одлгедувачки мерки на стеблата следењето и прегледот може да биде и почест во кратки временски интервали. Покрај тоа за време на следењето и прегледот вработените може да воочат и други промени кои се новонастанати и истите тие промени да бидат внесени во базата на податоци.
Планираните работи кои се однесуваат за сечење, кастрење и остранување на стеблата треба да бидат исклучиво во надлежност на вработени во ЈП „Чистота и зеленило“ кои имаат таква одговорност. Со тоа би се спречило и неовластено отстранување на стеблата по зелените површини без план и ред, па и на посебно вредните примероци кои се од големо значење.
Без можност на редовно ажурирање на податоците оваа идеја за зелен катастар не би имала ни приближно таков квалитет и употребливост. Само ажурираните податоци овозможуваат трајна вредност на зелениот катастар. – вели Михајловски.

Куманово нема Зелен катастар, а целта на Михајловски да ја избере токму оваа тема, воедно е и да алармира за потребата од неговото постоење, но и предностите кои ги дава постоењето на ваква мапа на градско зеленило.

Се надеваме дека надлежните ќе ја сфатат потребата за ваквиот систем, како и важноста на ваквите проекти со оглед дека засега не се изнаоѓаат решенија за загаденоста на воздухот во градот, а овој систем може да биде корисен и во тој поглед, со оглед на фактот дека дрвјата се филтерот на воздухот, како и сочувување на природните богатства што ни ги нуди природата а кои се од клучно значење за нашето а секако и здравјето на нашите деца.

„Пред се сакам да ви се заблагодарам за одвоеното време, и да потенцирам дека потребата на нашето општество од вакви уреди, софтвери, апликации и беспилотни летала е неопходна. Исто така секогаш постоеле, постојат и ке постојат пречки во воведуање на истите дали се работи за парични средства, недостаток на развојна стратегија, недостаток на образовен кадар кој ќе биде спремен и способен да ги спроведе реформите како и во голема мера и самото незнаење односно недоволна информираност на луѓето за предностите на оваа технологија. Мораме да кажеме дека геоматските техники и технологии можат да се применат во сите области во шумарството дали ќе биде урбаната дендрофлора, или поголемите површини покриени со шума со соодветен софтвер или надоградување на постоечкиот може да се прилагодат за потребите на иституциите и во сите области. Сакам да изразам голема благодарност до Шумарскиот Факултет во Скопје, како и до мојот професор и ментор Д-р Иван Минчев  со кој напорно работевме за реализација на оваа дипломска.“ – Бојан Михајловски

Во продолжение целосниот попис или резултати од самата инвентаризација на дрвјата на Градскиот кеј.

Таксони

Број на стебла

Catalpa bignonioides

79

Acer platanoides

7

Celtis australis

5

Cupressocyparis x leylandi

22

Fraxinus аmericana

170

Juglans regia

1

Morus alba

6

Picea pungens

11

Thuja occidentalis ‘Smaragd

7

Tilia tomentosa

6

Prunus cerassifera ‘nigra

7

Koelreuteria paniculata

3

Thuja orientalis

78

Cupressus arizonica

53

Picea abies

37

Cedrus deodara

10

Quercus frainetto

2

Thuja occidentalis

19

Thuja plicata

3

Cupressus sempervirens

1

Pinus wallichiana

5

Cedrus atlantica

11

Juniperus sabina

1

Acer negundo

1

Salix babylonica

32

Salix matsudana

53

Acer dasycarpum

7

Вкупно:

647

Leave a Reply