Ураган откри тајанствена гробница (фото)

Сподели со своите пријатели

Како и што се најавуваше, ураганот Офелија силно удри во брегот на Ирска и предизвика сообраќаен и енергетски колапс во целата земја. 

Во бурата животот го загубија три лица, а околу 210.000 домови останаа без струја, а големата материјална штета допрва ќе се проценува.

СВЕТОТ ВО ЧУДО: Откриен скелет на дете вонземјанин стар 2.000 години (видео)

Loading...

Како ОФелија со своите силни ветришта ја разори Ирска, така на површината испливаа и некои мистерии. Една таква е и пронајдениот древен човечки скелет со недопрени остатоци од кожа во селото Килмор Квеј на југоистокот од земјата, пишуваат британските медиуми.

Остатоците би можеле да се стари и илјада години, а ги откриле случајни минувачи. Со оглед дека ветровите во вторник удирале со брзина од 120 километри на час, се чини дека нивната сила го открила овој древен гроб.

Патологот Мери Касиди пристигнала на местото на настанот и заклучила дека остатоците би можеле да бидат од железното време.

Скелетот е пренесен во Даблин на форензичка истрага за да се открие причината за смртта и староста на коските.