Уништена урбана опрема на Градскиот кеј во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Клупи и корпи за отпадоци биле на мета на вандалите на Градскиот кеј во Куманово во текот на ноќта.

Loading...

 

 

Фотографии од уништената урбана опрема со јавноста сподели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој упати остра осуда за вандалскиот чин.

 

 

Loading...

– Најостро го осудувам вандалскиот чин на уништување на урбаната опрема на градскиот Кеј. Апелирам да покажеме општествена одговорност и да го сочуваме и одржуваме заедничкиот имот, стои во објавата на Димитриевски.

 

 

Инаку, ова не е прв случај на вандализирање на урбана опрема на јавна површина во Куманово. Тоа често се случуваше во текот на изминатиот период, особено пред избувнување на пандемијата, но засега никој не е санкциониран за уништувањето на јавното добро.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply