УНХЦР навести дневно пристигнување на 3000 бегалци на македонско тло

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 3000 бегалци ќе пристигнуваат во Македонија секој ден во наредните месеци, поради растечките немири и војната во Сирија и околните држави, потврди Високиот Комесаријат на ООН за бегалците во денешната изјава, пренесува Ројтерс.

Loading...

”Не гледаме запирање на бранот бегалци”, вели Мелиса Флеминг, портпарол на УНХЦР, наведувајќи дека продолжувањето на насилството во Ирак и Сорија само ја влошува состојбата со бегалците кои се упатуваат кон Турција, Јордан и Либан.

Дваесетиосумтте членки на ЕУ мора да понудат еднаква можност за барателите на азил, изјави Флеминг на брифингот за новинари во Женева, додавајќи ”ние искрено веруваме дека со преземање на правилни мерки, тогаш состојбата со бегалците е нешто со што ЕУ може да излезе накрај”.

Извор и фото: Ројтерс

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.