Унгарија во среда ќе расправа за ратификација на членството на Финска и Шведска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Следната среда унгарскиот парламент ќе ја започне расправата за ратификација на членството на Финска и Шведска во НАТО, според дневниот ред на парламентарната седница објавена синоќа, пренесе Ројтерс.

Loading...

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО минатата година по почетокот на конфликтот во Украина и заеднички изјавија дека сакаат „рака под рака“ да добијат членство.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави претходно во средата, за време на состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, дека Шведска и Финска треба да преземат поконкретни чекори за Турција да го одобри нивното барање за влез во НАТО.

Тој изјави дека сите членки на Алијансата мора да бидат убедени, особено Шведска, да преземат повеќе активности и да одговорат на барањата на Анкара.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО во мај минатата година, а досега нивните барања се ратификувани од парламентите на 28 членки на Алијансата, а Турција и Унгарија допрва треба да го сторат тоа.

Турција го условува своето одобрување со екстрадиција во Анкара на претставници на курдски организации кои Турција ги смета за терористички.

Турција рече дека можеби ќе го исполни барањето на Финска, но не и на Шведска засега, бидејќи односите меѓу Анакара и Стокхолм дополнително се влошија по протестите во Шведска во јануари, во кои беше запалена светата книга на исламот, Куранот.