Унгарија планира да ја продолжи вонредната состојба поради војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарската влада планира да ја продолжи вонредната состојба, воведена поради војната во Украина, за уште 180 дена.

Loading...

За да биде донесена таа одлука, владејачката партија Фидес треба да добие две третини од поддршката во Парламентот, пишува унгарскиот Дејли њуз.

Последен пат вонредната состојба беше продолжена на 1 ноември минатата година.

Вонредната состојба е воведена бидејќи конфликтот во Украина и хуманитарната катастрофа ја погодија и Унгарија, особено во областа на азилот, економијата и енергетиката, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.