Унгарија го кочи новиот пакет санкции на ЕУ – бара отстранување на патријархот Кирил од списокот

Сподели со своите пријатели

Унгарија го блокира финализирањето на шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија, инсистирајќи патријархот на Руската православна црква Кирил да биде отстранет од списокот на лица против кои ќе бидат воведени санкции, изјавија тројца дипломати, пренесува Ројтерс.

Loading...

Лидерите на ЕУ начелно се согласија на почетокот на оваа недела за нов пакет санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, а претставниците на ЕУ требаше вчера да го претворат тој политички договор во правен текст за да може да стапи во сила, наведува Ројтерс.

Што е најважно, последниот пакет санкции вклучува одлука за забрана за купување руска нафта од танкери кои би доаѓале по море, како и рафинирани производи, шест до осум месеци од моментот на стапување на пакетот во сила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

„Договорот е блокиран затоа што Унгарија се противи на санкциите против патријархот Кирил“, рече еден дипломат од ЕУ. Други двајца потврдија дека тоа е случај.