Унгарија целосно ги затвора границите, а Германија го укинува шенгенот

Сподели со своите пријатели

Германската полиција ги изврши првите пасошки контроли на границата со Австрија, како што наведува AFP, шокантните објави на Берлин дека ќе се воведат привремени контроли на границите како би се спречил масовниот прилив на мигранти. Министрите на земјите членки на ЕУ се на итен состанок во Брисел, а главна тема е бегалската криза.

Loading...

На преминот Фрајласинг биле стопирани тројца сириски бегалци на кои полицијата им побарала документи, а над стотици германски полицајци се мобилизирани да спроведат контрола на границите, соопшти портпаролот на федералната полиција.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезијер вели дека оваа одлука стапува на сила веднаш.

– Германија привремено повторно воведува контрола долж внатрешните граници на ЕУ. Во почеток фокусот ќе биде на границата со Австрија – вели Мезијер на прес конференцијата, и додава дека целта на овие мерки е да се ограничи приливот на мигранти во Германија и да се вратат стандардните процедури кога луѓето влегуваат во земјата.

Освен тоа Берлин веќе нема да им дозволува на бегалците да бираат која европска држава ќе ги прими.

Барателите на азил мора да разберат дека не можат да бираат од која држава ќе бараат заштита – додава германскиот министер.

Според правилата на ЕУ, првата земја за влез е обврзана да го решава барањето за азил, но Германија во минатото во пракса го отфрлаше оваа правило во случај барателите да се од Сирија.

Во меѓувреме, германската железница го обнови железничкиот сообраќај меѓу Германија и Австрија, откако вчера привремено, по одлука од Берлин за воведување контроли, тој беше блокиран.

На австриската страна пак вооружени со автомати околу 4.300 унгарски војници ќе ја чуваат границата со Србија која утре целосно ќе биде затворена, а премиерот Виктор Орбан најавува дека секој што ќе успее да влезе ќе биде вратен во соседната земја.

Војниците дури имаат и наредба да пукаат доколку почувствуваат дека им е загрозена безбедноста од напливот бегалци што ќе се создаде на границата.

Loading...

Од границата со Унгарија, пристигнуваат вести дека бројот на мигранти се зголемува бидејќи тие сакаат да ја минат шенгенската граница пред 15 септември, за кога Унгарија го закажа целосното затворање на границата за бегалците.

И Чешка соопшти дека ќе ги зголеми контролите на границите со Австрија поради кризата, а посебно откако следуваа најави дека истото го прави Германија.

– Чешка Република ги јакне мерките на својата граница со Австрија. Понатамошните чекори ќе бидат утврдени според бројот на бегалци кои доаѓаат во државата – вели министерот за внатрешни работи на Република Чешка, Милан Хованец во својата изјава за чешката државна телевизија.

И додека границите се затвораат, министрите за правда и внатрешни работи на земјите членки се собираат во Брисел на вонреден состанок за да се изнајде решение на бегалската криза.

Министрите ќе разговараат за план за солидарно прифаќање на 160.000 бегалци од подрачјата на Блискиот исток и Африка, зафатени од војна, идеја која минатата недела ја представил претседателот на Европската Комисија Жан Клон Јункер.

Неколку средноевропски и источни членки на ЕУ веќе изразиле остро противење на планот, кој подразбира обавезителни квоти за сите држави во ЕУ, во зависност од нивниот капацитет за прием на бегалци.

Поради тоа Јункер, како што е соопштено од неговиот кабинет, разговарал со постојаните претставници на сите 28 земји членки на ЕУ, по телфонски пат се слушнал и со неколку најжестоки противници на неговиот план, вклучувајќи го и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и неговиот словачки колега Роверт Фиц.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, најави дека во случај планот на Јунтер да не добие подршка од мнозинството министри, ќе биде свикан вонреден самит на ЕУ кон крајот на годината.

Истовремено со министрите за внатрешни работи и правда, во Брисел денес ќе заседаваат и шефовите на дипломатијата на ЕУ, во рамките на редовниот состанот на Советот за општи работи.

Loading...