Уметничка галерија: Отварање на самостојна изложба на Дејан Божиновски

Сподели со своите пријатели

Во лапидариумот на Н.У Музеј Куманово, во среда /16 септември/ ќе биде отворено второто по ред ликовно претставување на Дејан Божиновски, тематски заокружено под наслов ” Интерфејс “.

Loading...

Самостојната изложба на Божиновски опфаќа дванаесет мега портрети кои ќе бидат изложени надвор од галерискиот (затворен) простор во Лапидариумот на т.н. Стар Музеј.

Дејан Божиновски – Коска е роден во Куманово. Во 2009 година дипломирал на катедрата за ликовна уметност при Факултетот за ликовна уметност во класата на Проф. Јован Шумковски.