Умерено облачно со свежи утрински температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, особено во западните и југозападните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе бидат релативно ниски и тоа од -3 до 4 степени, додека максималните температурни вредности на воздухот ќе бидат во интервал од 15 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес во попладневните часови ќе имаме услови за врнежи, но во текот на денот ќе биде претежно сончево со умерена обчаност. Максималната темепратура ќе достигне 19 степени, а минималната ќе иснесува 3.

Во наредните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи, освен во сабота кога ќе има преодно стабилизирање.