Улицата „Страшо Пинџур“ денеска доби нов асфалт (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Улицата која ги поврзува приградските населби Бабин Дол и Биљановце со населбата Гоце Делчев денес доби нов асфалт, а увид во градежните зафати ан терен изврши градоначалникот Зоран Дамјановски и надлежните од Општина Куманово.

 

Loading...

DSC_0043

 

Улицата е долга 520 метри, со површина од 2.800 квадратни метри, а асфалтирањето по барање на граѓаните денеска започна, со минимална помош од општината, а со поголемо ангажирање на месните заедници.

Имам чест да истакнам дека благодарение на ангажманот на Месната заедница во Бабин Дол и Биљановце и на иницијатива на луѓето они се организираа со сопствен превоз, поддршка од општината за давање материјал, гребање на асфалт и тампон и на некој начин да се санира патната инфарструктура во приградската населба и комуникација со населбата Вера Которка и Биљановце, делница која го поврзува патот оваа населено место со светиниколскиот пат – рече Дамјановски.

DSC_0036

 

Според градоначалникот, политиката на Општина Куманово и во следниот период ќе продолжи со асфалтирање и бекатонирање на улциите во приградските населби, а конкретно населбата Бабин Дол наскоро ќе добие уште неколку новоасфалтирани улици.

На некој начин ќе ја избалансираме тешката состојба во однос на комуналната инфраструктура. Ја остваруваме програмата за санација и реконструкција на патната инфраструктура, асфалтирање и поставување бекатонски подлоги на места каде се помали сообраќајници – додава Дамјановски.

DSC_0030

 

Инаку градоначалникот со претставници од Општина Куманово откако заврши со увидот во Бабин Дол, се упати во населбата Карпош, каде исто така се подготвува терен за асфалтирање на нови улици.