Украинското знаме повторно се вее на Змискиот остров

Сподели со своите пријатели

Украинското знаме повторно се вее над Змискиот остров, од кој руските сили се повлекоа на крајот на минатата недела, соопшти портпаролката на украинската армија.

Loading...

„Змискиот остров е вратен во јурисдикција на Украина“, изјави портпаролката Наталија Кумениук на прес-конференција.

Да потсетиме, минатата недела руските сили се повлекоа од тој стратешки важен остров во Црното Море, кој се наоѓа југоисточно од пристаништето Одеса.

Русите го окупираа Змискиот оток на почетокот на војната.

Русите ја искористија контролата врз Змискиот остров за да воведат блокада на украинскиот извоз на жито.

Русија го опиша повлекувањето на својата војска од Змискиот остров како „гест на добра волја“, а Украинците тврдат дека Русите побегнале поради жестоките артилериски и ракетни напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вагнер се враќа од Африка за напад на Харков