Украинка се обидела да си го шверцува детето во куфер

Сподели со своите пријатели

Полската граниччна стража од границата вратила една Украинка затоа што се обидела да го шверцува својот осумгодишен син сокриен под облеклото во голем куфер.

Детето, за разлика од мајката, немало биометриски пасош неопходен на Украинците за влез во земјите од Европската унија.

За време на контролата на возот од Киев кон Пшемисл, во недела цариниците во куферот на една од патничките пронашле осумгодишно момче. Неговата мајка се обидела да го шверцува во Полска сокриен под слој облека. Дететот немало исправи на основа на кои би можело да ја премине границата – рекла Ана Михалска од граничната полиција.

Таа 50-годишна Украинка првин не сакала да го отвори куферот, а кога цариниците тоа го направиле сами имало што да видат, момчето сокриено во куфер чекало да ја поминат контролата.

Мајката со синот преку Полска тргнала кон Германија веќе првито ден кога за Украинците биле укинати визите, но тогаш се вратени од граница заоа што детето немало биометриски пасош, туку само важечки стар.