Украинците објавија нови мапи на големата офанзива

Сподели со своите пријатели

Украинските сили напредуваат на исток и југ, принудувајќи ги руските трупи да се повлечат.

Loading...

Претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската армија постигнала голем и брз напредок против руските сили во изминатата недела, заземајќи повторно десетици градови во регионите на југ и исток што Русија ги прогласи за анектирани.

Воените експерти велат дека Русија е „на најслабата точка“, делумно поради одлуката да не се мобилизира порано, а делумно поради големите загуби на војници и опрема.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников рече дека неговите војници „продолжуваат да напредуваат“ во есенската офанзива.

„Додека рускиот парламент е опиен со залудни обиди за анексија, нашите војници продолжуваат да напредуваат“, објави тој на Твитер.

„Ова е најдобриот одговор на сите „референдуми“, „декрети“, „договори“ и патетични говори“.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.