Украинци планирале масовни напади врз Москва?

Сподели со своите пријатели

Украинските одбранбени напори беа во фокусот на воените стратези од почетокот на руската инвазија на земјата, но Украина исто така започна серија насочени напади внатре во границите на Русија.

Loading...

„Вашингтон пост“ открива дека САД го одвратиле Киев од најхрабриот напад на руска територија.

Според американските документи што ги видел весникот, Украина планирала масовни напади длабоко зад непријателските линии кои се совпаѓаат со годишнината од руската инвазија на 24 февруари, вклучително и некаков облик на напад врз Москва, пишува Sky News.

Пост пишува дека Кирил Буданов, шеф на Управата за воено разузнавање на Украина (ХУР), им рекол на своите офицери „да се подготват за масовни напади на 24 февруари со се што има ХУР“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Сепак, се вели дека Белата куќа стравувала дека нападите на руска територија би можеле да предизвикаат агресивен одговор од Кремљ.

Весникот објави дека ЦИА објавила нов доверлив извештај само два дена пред годишнината, во кој се вели дека ХУР „се согласи, на барање на Вашингтон, да ги одложи нападите“ врз Москва, пренесува N1.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.