Украина започна „специјална операција“ на границата со Белорусија

Сподели со своите пријатели

Украина денеска започна „специјална операција“ на границата со Белорусија, наведувајќи дека станува збор за обука на противтенковски и падобрански единици.

Loading...

Соопштено е дека во операцијата биле вклучени единици на Националната гарда, полиција и вооружени сили, пренесува Ројтерс.

За патролирање и надзор активно ќе се користат авијација и беспилотни летала, се наведува во соопштението.

Украина распореди 8.500 дополнителни војници на границата со Белорусија, објаснувајќи дека стравува дека ќе биде вовлечена во мигрантската криза, во која Европската унија го обвини Минск дека ги охрабрува бегалците од Блискиот Исток да влезат во Полска.

Киев е загрижен и поради можноста Русија да ја искористи територијата на Белорусија за воен напад врз Украина.