Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата

Сподели со своите пријатели

Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска ги поддржа нацрт-законите за продолжување на вонредната состојба и мобилизација за уште 90 дена, што ги поднесе претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави заменикот Јарослав Железња.

Loading...

„Собранието го поддржа предлог-законот 7664 за продолжување на вонредната состојба за 90 дена, до 21 ноември годинава. Рада го поддржа и предлог-законот 7665 за усвојување на уредбата за продолжување на рокот за општа мобилизација“, напиша Железња на својот Телеграм канал. ТАС С.

Зеленски на 12 август до Врховниот совет го поднесе предлог-законот за вонредна состојба и продолжување на мобилизацијата.

Вонредната состојба во Украина беше воведена на 24 февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.