Украина: Го извршивме досега најдлабокиот напад на окупираната територија

Сподели со своите пријатели

Украинската армија, се чини, го изведе најдлабокиот удар досега на територијата под руска окупација.

Loading...

„Утринава пристигнаа добри вести, силна детонација во регионот Хеническ“, изјави денеска Серхи Клан, советник на началникот на воената администрација на регионот Керсон, а пренесува Си-Ен-Ен.

„Многу добри вести“

Хеническ се наоѓа во јужниот дел на регионот Херсон, во близина на Крим и е оддалечен околу 200 километри од најблиската линија на украинскиот фронт.

Клан сугерираше дека целта била на железничката линија помеѓу Хеническ и Мелитопол.

„Сѐ уште чекаме официјална потврда од нашите вооружени сили, но ова е многу добра вест. Детонацијата се слушаше 1,5 до 2 часа на железничката станица што ги поврзува Крим и Мелитопол“, соопшти Клан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.