Украина доби американски систем за воздушна одбрана

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју емитувано во неделата изјави дека Украина добила софистицирани системи за противвоздушна одбрана од САД.

Loading...

Ова е прво признание дека Украина го добила напредниот ракетен систем земја-воздух НАСАМС, кој Киев долго го бараше, а чија испорака беше одобрена од Вашингтон на крајот на минатиот месец.

„Апсолутно ни треба САД да покажат лидерство и да и обезбедат на Украина системи за противвоздушна одбрана. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Бајден за позитивната одлука што беше донесена“, рече Зеленски.

„Но, верувајте ми, не е доволно да се покрие цивилната инфраструктура, училиштата, болниците, универзитетите, домовите на Украинците“, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вагнер се враќа од Африка за напад на Харков

Зеленски, исто така, им се заблагодари на САД за HIMARS и другите системи за лансирање со повеќе цевки што ѝ овозможуваат на Украина да напредува против руските окупациски сили.

Овој месец Украина започна контраофанзива за ослободување од окупација големи делови од територијата во североисточниот регион Харков. Напредуваше и на југ.

Русија го опишува својот седуммесечен упад во Украина како „специјална воена операција“ и негира дека е насочена кон цивилни локации.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...