Непознат сторител синоќа во куќата на Р.М. (65) на ул.„Тале Христов“ во Прилеп извршил тешка кражба со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари. Кражбата ја извршил во период од 18:45 до 00:30 часот.
МВР информира дека сторителот го скршил цилиндарот од бравата од влезната дрвена врата од куќата, влегол внатре и одзел еден лап топ компјутер и 373.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: МИА
Loading...