Укинат Google+ по невидениот скандал во компанијата

Сподели со своите пријатели

Нов скандал со безбедноста на податоците, во кој се погодени повеќе од половина милион корисници на социјалната мрежа Google+ ја потикна компанијата „Alphabet“, која инаку е сопственик на Гугл, Јутјуб и низа други апликации, конечно да донесе одлука за гаснење на својата платформа.

Претходно оваа недела откриено е дека податоците за приватните профили на повеќе од половина милион корисници се проследени до стотина надворешни програмери. Раководителите на Google вендша донеле одлука да ја затворат социјалната мрежа која веќе се соочуваше со проблеми и не успеваше да го привлече посакнуваниот број на корисници, а од компанијата издадоа ветување за засилување на протоколот за размена на податоци.

ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?

Loading...

Истрага на Google за праксата за споделување податоци со апликации од трета страна открила сериозни пропусти уште во март, за да по најновите вести компанијата донесе одлука за затворање, иако не постојат конкретни докази дека некој од програмерите ја искористил ранливоста на системот или ги злоупотребил податоците кои им биле на располагање на било кој начин.

Драматичниот одговор на ситуацијата следува по шестмесечно молчење, затоа што Google одлучил да ги премолчи деталите од пропустот, што „Вол стрит журнал“ ги препишува на стравовите од привлекување на дополнително внимание од регулаторите при раширената дебата за безбедноста на податоците по огромниот скандал на Фејсбук со Кембриџ Аналитика.

Leave a Reply