УЈП ќе пристапи кон принудна наплата на радиодифузна такса

Сподели со своите пријатели

Во најбрз можен временски период треба да се подмират заостанатите долгови за ардиодифузна такса, инаку во спротивно Управата за јавни приходи ќе започне со присилна наплата, соопштуваа денес од УЈП.

Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови и доброволно да ги платат. Во однос на проверката дали имате долгови за РДТ, УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ, стои во соопштението од УЈП.