УХМР за утре најавува невреме со обилен дожд, грмежи и град

Сподели со своите пријатели

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, засилен ветер и можна појава на град. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог (локално над 25 л/м2).

Потоа во наредните три дена ќе биде претежно стабилно, освен во планинските региони каде ќе има краткотраен дожд со ретки грмежи.

Leave a Reply